Прилепчани ќе ја градат мајмунарата во Скопје

Прилепската фирма ЗДОО "Инженеринг Теракота" ќе го гради живеалиштето на мајмуните во скопската Зоолошка градина, додека тетовската фирма "Квалитет Бетонида" ДООЕЛ ќе го пренамени старото живеалиште на нилскиот коњ во мултифункционален едукативно-информативен објект, пишува Вечер

Од ЗОО Скопје информираа дека двете фирми се избрани во петокот на електронска аукција.  

Живеалиштето на мајмуните, или попопуларно познато како мајмунара, прилепската фирма ќе има рок да го изгради за околу два месеци, додека рокот на тетовската фирма за мултифункционалниот објект е околу четири месеци.  

Од Зоолошката градина посочуваат дека целта да се изгради поголем мултинаменски објект е зголемениот интерес на посетителите, а новата мајмунара се гради за да мајмуните имаат поголема комоција. 

20.10.2014 - 23:14


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега