Ердоган апелира веднаш да запрат протестите во Турција

Народот е оној кој ни ја даде довербата, и само тој може да ни ја одземе. Никој, освен на избирачка кутија, не може да се обиде да ни го одземе аманетот, порача турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган на меѓународниот ародром „Ататурк“ во Истанбул.

Тој ги поздрави сите граѓани на Истанбул и Турција, како и „братските градови“ Сараево, Багдад, Бејрут, Рамала и други.

- Протестите, кои наводно започнаа поради помалку од 15 дрвја, оставија три смртни случаи зад себе. Две наши момчиња загинаа, како и еден полицаец. За мене смртта на мојот полицаец е важна колку и смртта на момчињата. Чија е полицијата и каква должност  има? Полицџијата работи за да ги чува нашите животи. Понекогаш тоа е борба против тероризмот, понекогаш против анархијата, а понекогаш против вандализмот. Секако дека тоа нема некому да му одговара. Тие велат полицијата да се повлече. Што ќе се случи тогаш? Ова не е никаква попатна станица, ова е Република Турција, истакна Ердоган.

- Нашата полиција ја изврши својата должност и кон секого се однесуваше еднакво, па така и кон оние кои ги напаѓаа граѓаните, јавните институции, приватните и службените возила. Можно е некогаш да употребиле прекумерна сила. Претходно кажав дека им дадовме потребни упатства. Министерството за внатрешни работи ја следеше работата на полицијата. Но никој нема право да не напаѓа преку вакви работи, додаде Ердоган.

најчитано сега