ОФИЦИЈАЛНО: Најдобриот македонски ракометар Лазаров нов играч на Барселона

Најдобриот македонски ракометар Кире Лазаров официјално стана член на  европскиот вицешампион и првак на Шпанија, Барселона, откако спогодбено го раскина договорот со Атлетико.

По Овче Поле, Борец, Пелистер, Загреб (Кроација Осигурање), Веспрем и Реновалиа Сиудад Реал, ова ќе биде седмиот клуб во кариерата на Лазаров.

Имено, нашиот репрезентативец веќе ги мина лекарските прегледи и наскоро ќе отпатува во Каталонија.

 

најчитано сега