Проверете дали утре ќе останете без вода

Без вода утре од 8 до 17 часот ќе останат дел од корисниците од населбата Драчево и селата Студеничани, Моране и Зелениково.

Како што соопшти  Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот на вода е поради отпочнување со реконструкција во Пумпна станица Драчево каде ќе се менуваат затварачи на усис од ø350 мм, ќе се поставуваат нови мотори и нови пумпи и ќе се постават и нови енергетски кабли.

20.10.2014 - 15:59


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега