САД го критикуваат Ердоган поради изјавата дека терористи учествуваат во протестите
Американската дипломатија побара турските функционери да се воздржат од „излишни изјави“, откако турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган изјави дека во антивладините протесни настани во Турција се замешани терористи.
-Продолжуваме, се разбира, да ги поддржуваме луѓето кои мирно демонстрираат и ја користат својата слобода на говор и ги повикуваме тамошните функционери да избегнуваат секаква излишна реторика, секаков излишен коментар, што не придонесува за смирување на ситуацијата во Турција, изјави портпаролката на Стејт департментот Џенифер Псаки.
Без децидно да го именува турскиот премиер, Псаки изјави дека „огромното мнозинство од демонстрантите се обични граѓани, кои го користат своето право на слобода на говорот“.