Основци од екскурзија завршиле право на инфузија
Неколку ученици од Будва од екскурзија завршиле на инфузија поради труење со храна.
Дечињата од основното училиште Стефан Митров Љубиша од Будва јаделе во хотелот Планинка, а потоа се пожалиле на болки во стомакот.
Децата се жалат на болки востомакот, гадење и повраќање.
Ова е втор случај со труење на црногорските ученици за краток период, бидејќи неодамна ист проблем имаа и учениците од основно училиште во Подгорица кои исто така беа на екскурзија.