Познат српски пејач искешира 1000 евра за да ја сокрие видео снимката со љубовницата

Познатиот српски фолк пејач Шабан Шаулиќ искешира 1000 евра за да спречи да се појави во јавност видео снимката во која е интимен со  триесет и девет години помладата љубовница Ивана Неговановиќ – Цуца.

Фолкерот не ни знаел дека оваа видео снимка постои додека во јавноста не излегоа информации за неговиот интимен живот.

Снимката била направена без негово знаење во една кафеана додека пејачот се бакнувал и гушкал со љубовницата, поради која, тврдат добро упатените, сопругата Гордана го исфрлила од дома, па сега живее во викендица.

Видео снимката е правен доказ дека кралот на народната музика е во врска со младата Цуца, иако тоа тој го негира, па направи се за снимката да не излезе во јавност.

 

19.10.2014 - 13:45


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега