Опустошено уште едно скопско училиште - основците од „Кочо Рацин“ останаа без компјутери
Засега непознат сторител провалил во основното училиште „Кочо Рацин“ во скопско Катланово и украл триесет компјутери, информираат од МВР.
Според полициските податоци, во првите три месеци од 2013 година се регистрирани 10 кражби во основни училишта. Во десеттте кражби, крадците успеале да украдат вкупно 133 лап-топ компјутери, 28 монитори, 14 куќишта од компјутери и 8 компјутери.