Белград: Гробарите и Делиите договориле групна тепачка?

 

Српски Телеграф пренесува дека во Белград Гробарите и Делиите договориле групна масовна тепачка која ќе се случи на сплав.

Имено, полицијата се обидувала да ги открие причините за нападот на Урош Аврамовиќ, еден од водачите на навивачката група Хиени, а при тоа добила информации дека веќе е договорена меѓусебна тепачка на навивачите на Црвена Ѕвезда и Партизан, Делиите и Гробарите.

Според порталот, тепачката треба да се случи на сплавот Фристајлер, кој е во сопственост на Александар С, навивач на Партизан.

Инаку, во сплавот на Александар С. неодамна имаше поставено експлозив.

ФОТО: Телеграф 

најчитано сега