ВИДЕО: Погледнете во новиот филм на Анџелина Џоли

Оскаровката го режира и го продуцира филмот „Unbroken“, епска драма која прати неверојатен живот на олимпиецот и воен херој Луи Замперини.

Замперини бил спринтерска ѕвезда, кој во 1936 година се натпреварувал на Олимписките игри во Берлин. Во 1943 година неговиот авиот паднал над Пацификот и тој преживеал 47 дена без храна и вода, успевајќи да ги избегне нападите од ајкули и непријателските авиони. Завршил насукан на брегот на еден јапонски остров каде две години бил измачуван како воен заробеник.

Браќата Коен го преработија сценариото, кое се заснова на адаптацијата на книгата „Непокорен“ (Unbroken)  на Лора Хиленбранд, објавена во 2010 година, за потребите на студиото „Универзал“ кое веќе со децении се обидува на некаков начин да ја пренесе приказната на големото платно.

Студиото ги откупи правата на книгата во 2011 година и сметаа на режијата на Франсис Лоренс, но во декември Џоли влета на неговото место. 

Во продолжение први погледнете го трејлерот за  „Unbroken“.

18.10.2014 - 11:07


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега