Експлодираше автомобилот на директорот на атинскиот затвор

Една жена е ранета и причинета е голема материјална штета, откако бил кренат во воздух автомобилот на шефот на атинскиот затвор Коридалос.

Експлозијата се случила по два претходни предупредувачи телефонски повици во телевизискиот канал Антена 1 и на сајтот Зунгла, во кои непознати лица изјавиле дека бомбата ќе експлодира за 20 минути. 

Автомобилот е целосно разурнат. Експлозијата причинила материјална штета и на околните згради. Засега никој не ја презел одговорноста за експлозијата

најчитано сега