Како да ги отстраните гребаниците од екранот на телефонот?

Заштитната фолија го штити секој паметен телефон од гребаници, флеки и разни видови на оштетувања, но доколку ја немате, тогаш прочитајте неколку совети со чија помош ќе можете да го заштитите екранот на вашиот телефон.

 

Совети и едноставни решенија со чија помош ќе ги отстраните гребаниците од екранот на вашиот телефон.

Паста за заби

Ставете малку паста за заби (со големина на зрно грашок) на мека површина, по можност памучна крпа и со кружни движења, без премногу притисок, преминете преку местата на кои се појавиле ситни гребаници. Доколку гребаниците не сте успеале да ги отстраните, повторете ја постапката. Откако ќе ја завршите процедурата, исчистете го дисплејот со влажна крпа и отстранете го вишокот паста.

Паста за отстранување на автомобилски гребаници

Оваа паста можете да ја набавите во било која продавница за авто-козметика. Не се скапи, а лесно се нанесуваат (со мека крпа) на дисплејот на телефонот. Исто така, со помош на кружни движења обидете се да ја намалите длабочината и бројот на гребаници.

Сода бикарбона

Помешајте сода бикарбона во вода во размер: две третини сода бикарбона и една третина вода. Мешајте додека не се формира густа паста. Со мека крпа нанесете малку на дисплејот на телефонот и повторно со кружни движења поминувајте преку гребаниците. Вишокот паста отстранете го со влажна крпа и исполирајте го дисплејот.

Пудра за бебе

Функционира на ист начин како и сода бикарбоната, но е понежна со што нејзиното користење посебно се препорачува за површинските гребаници.

извор: Think.mk

17.10.2014 - 17:39


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа