ФФМ предупредува: Нема да дозволиме сценарија како во Белград

Фудбалската федерација на Македонија нема да дозволи на дерби дуелот во рамките од 11 коло од Македонската Прва фудбалска лига меѓу Шкендија и Вардар што треба да се одигра на градскиот стадион во Тетово во недела да добие сценарио како инцидентите во Белград.

- ФФМ во присуство на претставници на двата клуба и МВР организираше средба на барање на комисијата за безбедност. Двата клуба постигнаа договор да не носат свои навивачи на гостувањата во Тетово и во Скопје. Имајќи ги во превид неодамнешните случувања во Белград двата клуба се сложија дека ваквиот договор е најдобар во моментов. Упатуваме апел националистичките однесувања и насилствата на терените да ги оставиме на страна и двете средби да поминат во најдобар ред, и да можат двaта меча да поминат со гостински симпатизери, но тоа засега не е можно – посочи Златко Андоновски портпарол на ФФМ на брифингот со новинарите.

В.Д. генералниот секретар на ФФМ Филип Поповски изрази задоволство од состанокот на кои двата тима долги години имаат одлични односи и посакуваат натпреварите во Тетово и Скопје да поминат во најдобар ред и да победи фудбалот.

- Добивме цврсти гаранции од Шкендија дека на мечот нема да има никакви националистички одбележја и кореографии и ќе се почитува законот за знаме на РМ. Тоа прашање го поставив како многу важно за да не се добие никаква рефлексија од случувањата во Белград – изјави Роберт Марковиќ, член на комисијата за безбедност.

Натпреварот се игра во недела со почеток од 14.30 часот.

17.10.2014 - 16:16


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа