Вељаноски на дводневна конференција во Кипар
Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски денеска и утре ќе учествува на Конференција на претседатели на парламенти од земјите на Европската унија, што се одржува во Никозија, Република Кипар.
На Конференцијата ќе учествуваат 42 претседатели и потпретседатели на парламенти, како и претседателот и потпретседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц и Мигуел Ангел Мартинез.
Вељаноски ќе се обрати на сесиите на тема „Приближување на граѓаните кон ЕУ“ и „Социјална кохезија во време на ограниченост - што може да сторат националните парламенти“.
Во рамки на Конференцијата, Вељаноски ќе оствари и билатерални средби со своите колеги, претседатели на парламенти на држави-членки на ЕУ.
Претседателот Вељаноски, на Конференцијата учествува на покана на претседателот на Претставничкиот дом на Република Кипар, Јанакис Л.Омироу.