Демолиран автобус на ЈСП

Пред два дена во 23 часот на улицата „Цветан Димов” во Скопје, беше искршен прозорецот на автобус на ЈСП со број “57” кој се обраќал на релација Радишани – Козле. По преземени мерки полицијата го идентификуваше насилникот кој направи хаос. Според податоците, се работи за 20-годишниот Н.М. од Кочани кој престојува во Скопје.

Податоци за сторителот се испратени до ЈСП, а истите можат покренат постапка за надомест на штета. 

16.10.2014 - 12:35


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега