ВИДЕО: Последните моменти слобода за Љубе Бошковски

 

На денешен ден пред точно две години беше уапсен Љубе Бошкоски пред ресторанот Воденица. Во него беа пронајдени 100.000 евра во кеш за кои обвинителството пред Судот докажа дека требало да се користат за нелегално финансирање на предизборната кампања. Кривичниот суд му досуди 7 години затвор, но скопска апелација, казната ја намали на 5 години. Одбраната случајот го однесе и пред Врховниот суд но од таму само стигна потврда за пресудата. Со тоа, на Бошкоски му остануваат уште 3 години затвор, доколку не биде прогласен за виновен во случајот Ровер, за убиството на Марјан Тушевски и Киро Јанев во 2001 година. За ова дело на екс-министерот за внатрешни му се заканува над 10 години затворска казна, доколку судот го прогласи за виновен за помагање

најчитано сега