Суарез ја доби „Златната копачка“

Фудбалерот на Барселона Луис Суарез ја доби наградата „Златна копачка“ која се доделува на најдобриот стрелец во европските национални првенства.

Минатата сезона Уругваецот настапувајќи за Ливерпул во Премиер лигата постигна 31 гол на 37 натпревари.

- Благодарност до моето семејство без чија поддршка немаше да го остварам овој подвиг. Секако заслугата оди и кај сите во Ливерпул. Поминав таму спектакуларни три години. Најзаслужен за мојот престој на „Енфилд“ е Кени Далглиш, изјави Суарез на чинот на примање на наградата.

Уругвајскиот фудбалер оваа награда ја дели со Кристијано Роналдо од Реал Мадрид.

- Горд сум што оваа награда ја делам со врвен играч како што е Роналдо.

Суарез поради инцидентот на Мундијалот во Бразил кого го гризна Џорџо Кјелини беше суспендиран четири месеци, а на теренот ќе се врати на 25 октомври.

- Почнува нов период за мене. Подготвен сум за моето враќање на теренот, рече Суарез.

Видео честитка за наградата на Суарез упати капитенот на Ливерпул Стивен Џерар.

- Жал ми е што не присуствувам на доделувањето на наградата. Во името на сите од Ливерпул му честитам на мојот поранешен клупски колега. Беше волшебен играч во Ливерпул. Многу ни недостасуваш. Барселона има среќа. Се најдобро во иднина, рече Џерар. 

16.10.2014 - 09:27


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега