Владимир Путин во посета на Белград

Рускиот претседател Владимир Путин пристигнува денеска во Белград за да учествува во прославата посветена на 70-годишнината од ослободувањето на Белград од фашистичката окупација и 100 години од почетокот на Првата светска војна.

Путин беше поканет од српскиот претседател Томислав Николиќ и ќе биде почесен гостин на воената парада во која ќе учествуваат и руски авиони.

Рускиот претседател ќе положи и венци на Гробот на ослободителите на Белград и на хероите од Првата светска војна. Во рамки на посетата ќе има средби со претседателот Николиќ и со премиерот Александар Вучиќ.

Руска делегација што го придружува претседателот ќе има работен ручек со колеги од Србија по што ќе биде потпишан пакет договори.

Се очекува да бидат разгледани прашања од меѓународната политика и трговско-економската соработка.

За посетатата на Путин на Беглрад акредитирани се 912 новинари.  

Во интервју за руски медиуми, Вучиќ вели дека со Путин ќе разговара за конкретни теми пред се за економската соработка и понатамошното развивање на билатералните односи во областа на енергетиката и земјоделието.

Тој вели дека Владата на Србија има за цел понатамошен развој на партнерски односи со Руската железница и реализација на нови заеднички проекти како и привлекување руски инвестиции во областа на земјоделието. Тој нагласи дека Србија нема намера да воведува санкции спрема Русија поради украинската криза. Од Брисел наведоа дека немаат проблем со посетата на Путин на Белград.

16.10.2014 - 09:05


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега