Трагедија: Почина 22 годишен македонски кошаркарски репрезентативец

Неверување, голема болка и неизмерна тага предизвика веста за ненадејната смрт поранешниот кадетски и младински кошаркарски репрезентативец на Македонија, Александар Којчевски кој почина утринава на свои само 22 години, јавува спортскиот портал ЕКИПА.

kojcevski-615x400

- Александар Којчевски во текот на кошаркарската кариера настапуваше за неколку клубови во нашата земја меѓу кои Јуниор, Ангели и Торус, како и за универзитетски кошаркарски клубови во САД. Како перспективен млад кошаркар беше член на кадетската и младинската репрезентација на Македонија. Активно играше кошарка до пред две сезони. Веста за прераната смрт на Којчевски предизвика голема тага и силна болка кај сите нас. Загубата е ненадоместлива, пишува ЕКИПА.

Погребот ќе се одржи во четврток (16 октомври) на гробиштата Драчево со почеток во 12:00 часот.

15.10.2014 - 22:12


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега