ФОТО: Навивачи го запалија дресот на Албанецот кој провоцираше со маица „УЧК“

На социјалните мрежи кружи фотографија на која навивачите на Србија позираат со запален дрес на албанскиот играч Ергис Каче.

Во хаосот на теренот на вчерашниот натпревар Србија- Албанија, српските навивачи успеале да му го земат дресот и да го запалат.

Инаку, Ергис Каче е фудбалерот кој лани преку својот фејсбук профил ги испровоцира Грците со маичка со знак на Ослободителната војска на Косово (УЧК).

ergis-500

15.10.2014 - 18:22


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега