Невремето во Италија однесе три жртви

Три жени загинаа во Италија во поплавите и свлечиштата предизвикани од поројните дождови, што синоќа го зафатија северниот дел на земјата.

Телото на 73-годишна вдовица било пронајдено од пожарникарите во Муџа, во близина на Трст. Нејзината куќа била однесена од свлечиште со земја.

Во централната италијанска провинција Гросето, зафатена од поројните дождови, две сестри на возраст од 69 и 65 годинаи, синоќа беа однесени од надојдената река, додека патувале во автомобил, соопштија денеска италијанските медиуми.

Нивните тела пожарникарите ги пронашле уште синоќа во автомобилот со кој патувале, на 60-70 метри од патот, на средина од поле. Автомобилот бил потонат во кал.

Локалните власти информираа дека нема други жртви од поројните дождови, што вчера врнеа врз рамнината Марема, северно од Рим. За секој случај биле евакуирани педесетина лица. Според сведоци неколку лица успеале да се спасат, качувајќи се на дрва, од каде биле спасени со чамци или  хеликоптери. 

15.10.2014 - 16:06


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега