Митровиќ кажа зошто го симнал знамето

Стефан Митровиќ вчера вечерта се најде во центарот на вниманието поради тоа што го симна знамето на „Голема Албанија“ кое леташе над стадинот Партизан на кој се играше натпреварот меѓу Србија и Албанија во рамки на европските квалификации. Наместо натпреварот да се продолжи, гостинските фудбалери предизвикаа општ хаос на стадионот.

-Тоа знаме предизвика прекин, ние сакавме само да играме фудбал, во еден момент видеов дека можам да го фатам и тоа го направив. Како што јасно се гледа на снимите, немав намера да го газам или нешто слично. Знамето во ниту еден момент не се најде во моите раце, туку го држев јажето обидувајќи се да го фатам дронот. Имав намера сето тоа да го однесам кај четвртиот судија. Тие притрчаа да го земат знамето и видовте што се случи после тоа. Капитенот Ивановиќ даде изјава во име на сите нас и никој од фудбалерите нема да го коментира случувањето. Други треба да истражуваат како се случи сето тоа, вели Митровиќ.

Тој вели дека меѓу играчите немало тешки зборови пред и по инцидентот.

-За време на натпреварот немаш никакви провокации и тешки зборови. Кога почнаа инцидентите никој од албанските играчи ништо не прозборе. Со неколкумина од нив играв заедно по Европа, разговаравме, се беше коректно, додава Митровиќ.

 

15.10.2014 - 15:54


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега