Финишира изградбата на првата детска градинка во Карбинци

 

Во општина Карбинци интензивно се гради новата детска градинка, која е лоцирана во селото Таринци. Градоначалникот на општината Зоран Минов очекува градежните работи на објектот да завршат за 10-тина дена.

- По изградбата на градинката треба да избереме в.д директор, кој треба да ги спроведе техничките работи и да распише конкурс за вработување на воспитувачи и други лица во градинката. Очекувам дека до Нова година ќе почне да фукнционира градинката, изјави Минов.

Оваа детска градинка е прва во општина Карбинци. Досега родителите децата секојдневно ги превезуваа до најблиските градинки во Штип. Со нејзиното отварање ќе се намалат и трошоците на родителите за превоз и престој во градинките. 

15.10.2014 - 14:42


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега