Осветлен еден километар од магистралата Гостивар-Кичево

Делницата од гостиварската патарина во правец кон Кичево од денес е осветлена. Со инвестицијата на Јавното претпријатие за државни патишта поставени се 17 канделабри со штедливи светилки, а вкупната вредност на работите изнесува околу 3,2 милиони денари.

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Љупчо Георгиевски присуствуваше на денешното пуштање во употреба на ново-поставеното осветлување.

- Продолжуваме со активностите за зголемување на безбедноста во сообраќајот преку осветлување на автопатите, влезовите од градовите, клучките со што се зголемува и прегледноста на патот. Минатата година осветливме 20,5 клометри вкупна должина на автопати, магистрални и регионални патишта со инвестиција од околу 106,5 милиони денари. Оваа година досега осветлени се околу 9 километри патишта при што се поставени 224 канделабри во вредност од околу 31 милион денари, изјави Георгиевски.

Тој најави дека следната година се планира понатамошно осветлување на патот кон здуњската крстосница на еден од излезите од Гостивар

Според податоците од одговорните на ЈП Државни патишта, намалувањето на потрошувачката на електрична енергија за осветлувањето е изведено со автоматско снижување на влезниот напон во одредено време.

Одговарајќи на прашање околу санирање на патот Тетово-Попова Шапка Георгиевски најави дека заедно со ЈП Македонија пат започнале со санирање на едно клизиште, како и ударните дупки од првиот километар од овој пат. За следната година се планира санирање на уште три забележани клизишта, за што веќе се обезбедени средства од Светска банка, а во тек е изработка на проекти за санирање на овие проблематични точки на овој пат. 

15.10.2014 - 14:33


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега