Осум лица во болница - автомобили се искршија во Тетово

Осум лица биле повредени во сообраќајката што вчера попладне околу 18 часот и 30 минути се случила на крстосницата од улиците „Штипска“ и „116“ во Тетово.

 Во сообраќајната несреќа учествувале патничко возило„Форд мондео“ со странски регистерски таблици што го управувал  24-годишниот М.Р. и „Југо“ со тетовски таблици управувано од 26-годишниот Р.В. исто така од Тетово. Во несреќата телесни повреди задобиле двајцата возачи, двајца сопатници од „Фордот“ и четворица од „Југото“. Сите повредени биле пренесени во тетовската клиничка болница каде им била укажана лекарска помош. Тројца биле задржани за натамошно лекување додека другите се пуштени дома.

Тој додаде дека извршен е увид и се утврдуваат причините за несреќата во која вкупната материјална штета се проценува на 40 илјади денари. 

15.10.2014 - 14:25


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега