Зголемен бројот на туристи во август

Бројот на туристите во Македонија во август годинава изнесувал 145.445 и во споредба со август лани е зголемен за 14 проценти. Во август годинава се регистрирани  630.230 ноќевања, или за 7,4 проценти повеќе во однос на истиот месец минатата година, објави денеска Државниот завод за статистика.   

За 12,2 проценти е зголемен бројот на домашните  туристи во август годинава споредено со август лани, а на странските за 16,8 проценти. Кај ноќевањата на домашните туристи е евидентирано зголемување за 6,2 проценти, а кај странските за 11,9 проценти.  

Во периодот јануари- август годинава, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 5,9 проценти, кај домашните за 2,3 проценти, а кај странските за 9 проценти. Бројот на ноќевањата во тој период бележи зголемување за 2,1 процент,  при што кај домашните има намалување за 0,9 проценти, а кај странските зголемување за 7,4  проценти.

15.10.2014 - 13:35


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега