Го чувала лешот на својот маж 9 месеци - поради пензија

Американката  Ила Соломон е уапсена бидејќи 9 месеци живеела со трупот на својот сопруг, бидејќи тврди дека  тој сакал да го изедат птици.

За сето тоа врeме, таа ги добивала чековите од неговата пензија. Ила признала дека го прекршила законот бидејќи не ја пријавила смрттa на својот сопруг за што кривично ќе одговора.

Нејзиниот сопруг починал ненадејно, а Ила вели дека сакала да ја исполни неговата последна желба.

„Сакаше по смртта да го изедат птиците. Ќе го отворев прозорот и ќе го ставев до него, но птиците никогаш не влегоа внатре. „ вели Соломон.

Нејзиниот сопруг починал кон крајот на април. Кога полицијата го побрала кон почетокот на мај, Ила им кажала дека не е тука и дека отишол со семејството во Кентаки.

15.10.2014 - 13:05


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега