Еболата го помина Атлантикот- втор случај на болеста во САД

Вработен во болницата во Далас , во која беше сместен првиот пациент дијагностициран со ебола во САД, е позитивен на тестот за ебола, соопшти Одделението за здравствени услуги на Тексас.

Одделението објави на својата веб старана дека работникот имал треска во вторникот и веднаш бил изолиран во Пресбитеријанската болница.

Работникот е еден од оние што се грижеле за Томас Ерик Данкан откако му била дијагностицирана ебола. Данкан почина пред една недела.

15.10.2014 - 12:57


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега