„Блиц“: Како македонските медиуми известуваа за инцидентот во Белград?

Знамето на Голема Албанија предизвика хаос на стадионот на Партизан, териториите кои беа прикажани на оваа мапа опфаќаа и територии од опкружувањето, а нивните медиуми на различни начини известуваа за случувањата, пишува српски „Блиц“.

Македонската телевизија „Алфа“ не прецизираше дали во прашање било знаме на Голема Албанија, додека „Канал 5“ наведе дека во прашање е скандалозна провокација за домаќините, пишува „Блиц“.

“Во 42-рата минута се појави летало на далечинско управување, со карта од Голема Албанија и мала Србија. Кога Стефан Митровиќ го зеде знамето, неколкуммина албански играчи му пријдоа и започна борба, па судијата го прекина мечот“

-Албански Алсат, медиум кој е стациониран во Македонија, порача дека тоа “знаме е светост кој не би требало да го допира било кој, а особено не Србин, па играчите реагираа за да го заштитат своето знаме“, најголемо внимание придавајќи на влетувањето на Иван Богданов во теренот, пишува „Блиц“. 

15.10.2014 - 12:34


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега