ВИДЕО: Град со големина на лешник и грмотевици- големо невреме во Хрватска

Поројни дождови проследени си грмотевици, силен ветер и град рано изутринава ја зафатија речиси цела Хрватска.

Град со големина на лешник и пороен дожд особено го погодија подрачјето на Карловац, а во градот се урнати неколку дрвја и поплавени се повеќе улици. 

Во предградијата на Карловац поради паѓањето на дрва и гранки врз електроинсталацијата имаше пркеин на дотокот на електричната енергија, а поради невремето беа разурнати и неколку покриви. 

Во тек е санкација на штетата, а на терен се рапосредени противпожарни тимови.

Црвен аларм е прогласен за подрачјето на Истра и северниот дел на Јадранот поради што граѓаните треба да бидат мошне внимателни, бидејќи ситуацијата е опасна по животот, а можни се и големи штети и незгоди.

Невремето предизвика и проблеми во сообраќајот во други депови на земјата, вклучувајќо ги Загреб.

15.10.2014 - 12:20


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега