Отворен првиот Дневен центар за деца со оштетен вид на предучилишна возраст

Првиот Дневен центар за деца со оштетен вид на предучилишна возраст беше пуштен во употреба денеска од страна на министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и директорот на центарот Горанчо Јакимов.

- Дневниот центар ќе даде одлична поддршка и на децата до шест годишна возраст и на родителите на овие дечиња. Дневниот центар ќе работи во насока на рана интеграција, социјализација, предучилишно воспитување и едукација на децата со оштетен вид. Тие тука полесно и побрзо ќе можат да стекнат знаења и вештини за користење на опремата, исто така ќе можат да стекнат знаења и вештини за ориентација во просторот, ќе се работи на нивна рана социјализација на концептуален развој и препознавање на предмети, како и на развој на мотороните способности и на секојдневните вештини кај децата, рече Спасов.

Со отворањето на овој Дневен центар за деца со оштетен вид од прешколска возраст навистина се покажува и се докажува грижата којашто постојано ја води Владата на Р.Македонија преку ресорните министерства за оваа категорија на граѓани. Овој простор е уреден по принцип и стандардии коишто треба да ги задоволат потребите на овие дечиња и потребите на нивните родители, истакна директорот Јакимов.

Инаку, Дневниот Центар  е комплетна инвестиција на Министерството за труд и социјална политика и за него се издвоени 2.300.000 денари – наменети за реновирање и опремување на објектот, кој претходно беше руиниран.

15.10.2014 - 12:18
Фото: 
курир


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега