МНР одбележува 20 години дипломатски односи со повеќе земји

По повод одбележувањето на 20-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи на Република Македонија со повеќе земји во светот Министерството за надворешни работи вечер  ќе оддржи свеченост во просториите на Македонскиот народен театар и Музејот на македонската борба за државност и самостојност. 

На свеченоста која Министерството ја организира во соработка со амбасадите на земјите, ќе се оддржи свечена академија, при што обраќања ќе имааат министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски и амбасадорот на Швајцарската Конфедерација Стефано Лазарото.

Свеченоста ќе биде збогатена со концерт на Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец”, како и со коктел подготвен од земјите учеснички со презентација на нивните традиционални јадења, симболи и сувенири.

Во 1994 години Република Македонија воспостави дипломатски односи со Швајцарската Конфедерација, Кнежевството  Лихтенштајн, Руската Федерација, Кралството Белгија, Јапонија, Чешката Република, Словачката Република, Киргиската Република, Социјалистичка Република  Виетнам, Повеќенационалната Држава Боливија, Кралството Шпанија, Унгарија, Големото Војводство Луксембург, Арапската Република  Египет, Португалската Република, Република  Ирска, Светата Столица, Република Австрија и Република Узбекистан.

15.10.2014 - 10:35


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега