Исчезна велешанецот Киро- го нема веќе 20 дена

Дваесет дена нема ниту трага ниту глас од велешанецот Киро Кимов. Шеесет и четири годишниот маж последен пат бил виден на 21.септември, како од Мегдан заминал кон домот кој се наоѓа на улицата „Климент Охридски“. Од тогаш до денеска му се губи трагата. Роднини на Кимов, минатата недела, го пријавиле изчезнувањето во полиција.

Кимов бил пензионер кој имал земја во близина на месноста Бојаџиева чешма, кај Велес што ја обработувал и таму живеел. Во градот доаѓал за да го надгледува братот, кој единствено го имал од потесното семејство, го снабдувал со храна по што повторно заминувал на поле.

Од СВР Велес велат дека се превземаат сите мерки за пронаоѓање на лицето.

Роднините бараат помош од граѓаните доколку го видат Кимов да пријават во најблиската полициска станица или на телефонскиот број 192.  Исчезнатиот маж кога последен пат бил виден на себе носел кафеава мајца со кратки ракави, фармерки и бели патики.

15.10.2014 - 09:57


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега