Скандал: Поради штрајкот на адвокатите сите Албанци се на слобода

Уапсените Албанци кои учествуваа во инцидентот со албанскиот дрон, во вторникот вечерта веќе се пуштени на слобода и се пренесени во Албанија, јави српски Курир. Наводно причината за нивното ослободување е штрајкот на адвокатите во Белград.

За потсетување, братот на албанскиот премиерот Рама беше уапсен во ВИП ложата на стадионот на Партизан под основано сомнение дека тој е организиратор и лидер на инцидент со албанското знаме, по што тој беше откажан фудбалскиот натпревар меѓу тимовите на Србија и Албанија. Освен Рама, уапсените други членови на албанската делегација кои беа во ВИП ложата на Партизан - се ослободени. Според српската полиција, албанската делегација е ослободена, бидејќи "не можело да им се обезбеди правен совети поради штрајкот на адвокатите."

 

 

 

15.10.2014 - 09:46


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега