Барате работа - еве слободни работни места за плата од 15 до 24 илјади денари

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 57/2013 за вработување на 6 јавни службеници во Јавна установа „Центар за образование на возрасните“ за следните работни места:

АПЛИЦИРАЈ
1. Советник за програми за неформално образование на возрасните (1)извршител(и);
- Висока стручна спрема (VII/1) или најмалку 240 ЕКТС – Факултет за образование на наставници, економски, правен, филозофски, филолошки, технолошки и факултет по информатика
- Познавање на англиски јазик
- Работа со компјутер
- Најмалку 3 (три) години работно искуство во струката
- Неделно работно време: од понеделник до петок; Дневно работно време, 8 работни часа (08:30 – 16:30); Основна нето плата: 24.049,00 денари
2. Советник за изработување на стандарди, процедури и критериуми (1)извршител(и);
- Висока стручна спрема (VII/1) или најмалку 240 ЕКТС – Факултет за образование на наставници, економски, правен, филозофски, филолошки факултет
- Познавање на англиски јазик
- Работа со компјутер
- Најмалку 3 (три) години работно искуство во струката
- Неделно работно време: од понеделник до петок; Дневно работно време, 8 работни часа (08:30 – 16:30); Основна нето плата: 24.049,00 денари
3. Помлад соработник за база на податоци и одржување на веб страна (1)извршител(и);
- Висока стручна спрема(VII/1) или најмалку 180 ЕКТС – Факултет по информатика или факултет за образование на наставници
- Познавање на англиски јазик
- Работа со компјутер
- Без работно искуство
- Неделно работно време: од понеделник до петок; Дневно работно време, 8 работни часа (08:30 – 16:30); Основна нето плата: 20.170,00 денари
4. Помлад соработник за обука на обучувачи и наставници, личен развој и професионална ориентација (1)извршител(и);
- Висока стручна спрема(VII/1) или најмалку 180 ЕКТС – Факултет за образование на наставници, економски, филозофски и филолошки факултет
- Познавање на англиски јазик
- Работа со компјутер
- Без работно искуство
- Неделно работно време: од понеделник до петок; Дневно работно време, 8 работни часа (08:30 – 16:30); Основна нето плата: 20.170,00 денари
5. Помлад соработник за евалуирање на програми за неформално образование (1)извршител(и);
- Висока стручна спрема(VII/1) или најмалку 180 ЕКТС – Факултет за образование на наставници, економски, правен, филозофски, филолошки факултет и факултет по информатика
- Познавање на англиски јазик
- Работа со компјутер
- Без работно искуство
- Неделно работно време: од понеделник до петок; Дневно работно време, 8 работни часа (08:30 – 16:30); Основна нето плата: 20.170,00 денари
6. Самостоен референт за персонални работи (1)извршител(и);
- Средна стручна спрема (IV)
- Работа со компјутер
- Најмалку 3 (три) години работно искуство во струката
- Неделно работно време: од понеделник до петок; Дневно работно време, 8 работни часа (08:30 – 16:30); Основна нето плата: 15.079,00 денари

Покрај горнаведените посебни услови, предвидени во Правилникот за систематизација на работните места на Јавна установа „Центар за образование на возрасните“ заинтетресираните кандидати треба да ги исполнуват и општите услови за вработување на јавни службеници, предвидени во членот 15 став (2) од Законот за јавните службеници.

Рокот за доставување на пријавите изнесува (7) дена, сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот (не сметајќи го денот на објавувањето). Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.

Уредно пријавените кандидати на јавниот оглас, ќе бидат известени за времето и местото на одржување на испитот за јавен службеник и за достапноста на материјалите за подготовка на кадидатите за полагање на испитот. По полагањето на испитот за јавен службеник со петте најуспешни кандидати за секое работно место, односно извршител, ќе се спроведе интервју во рок од седум (7) дена од денот на полагањето на испитот, во просториите на институцијата за чии потреби е објавен јавниот оглас.

Заинтересираните кандидати можат да поднесат ПРИЈАВА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ЈАВЕН СЛУЖБЕНИК (Јавен Оглас), во писмена форма преку писарницата на Агенцијата, по пошта на адреса Агенција за администрација Ул. Јуриј Гагарин бр. 15 – Комисија за селекција на јавен службеник (со назнака за оглас број 57/2013) или во електронска форма преку интернет локацијата на Агенцијата за администрација http://jsprijava.aa.mk.
Образецот на пријавата е објавен во “Службен весник на Република Македонија” број 61/2011 ина интернет локацијата http://aa.mk., Ненавремените и некомплетно пополнетите пријави нема да се разгледуваат.

Извор: Економски