ВИДЕО од тепачката меѓу фудбалерите на Србија и Албанија

Тензиите настанаа кон самиот крај од полувремето, кога над стадионот се развиори албанско знаме, кое беше носено од направа контролирана со далечински управувач.

Откако судијата го прекина мечот, страстите дополнително зовреа откако српскиот фудбалер Стефан Митровиќ го дофати конецот што го движеше знамето и се обиде да го симне.

Потоа во судир со Митровиќ влетаа неколку албански репрезентативци, по што дојде и до тепачка во која се вклучија играчите од клупите за резерви, а судијата го прекина мечот

Официјалниот спикер најави дека мечот ќе продолжи

14.10.2014 - 21:58


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега