Крај на романсата: Ричард Гир ја остави Падма Лакшим

 

Американскиот актер Ричард Гир и поранешниот модел Падма Лакшим, ставија крај на нивната врска, но сепак одлучиле да останат пријатели, објавија американските медиуми.

Според изјавите на нивни пријатели, тие ставиле крај на нивната шестмесечна романтика, од причина што биле премногу ангажирани.

- Тие заклучија дека подобро би функционирале како пријатели, изјави неименуван извор за „Њујорк Пост“.

Гир, кој е на возраст од 65 години, се разведе од сопругата Кери Ловел во септември минатата година по само една година брак. Тој во моментов во Њујорк го снима филмот „Time Out of Mind“, каде толкува улога на бездомник.

Падма, која инаку има 44 години, е ангажирана во новата сезона на реалити шоуто „Top Chef“, кое се снима во Бостон.

14.10.2014 - 16:40


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега