Апсење во Охрид - почна да се расчистува сомнителното работење на старата власт

Почна да се расчистува сомнителното работење на старата власт во општина Охрид. Како што дознава Press24 од полициски извори, доцна попладнево уапсена е директорката на фирмата која стопанистуваше со паркинзите во општина Охрид. Спроед првичните и неофицијални инфорамции до кои дојде Press24 директорката е уапсена поради узурпација на земјиште.
Пред два дена,актуелниот градоначлник на Охрид го раскина договорот со концесионерот за паркинзите по многубројните поплаки од охриѓани и од туристите за високите цени на услугите. 
Претходно, повеќе медиуми објавија информации за високи суми кои претходниот градоначлник на Охрид Александар Петрески ги трошел на гориво, службени ручеци и телефонски сметки. 
Од МВР само потврдуваат дека имало апсење во Охрид но не откриваат повеќе детали

најчитано сега