Колку барања за отпис на долговите се поднесени во Гевгелија,Богданци и Дојран?

Во меѓуопштинскиот Центар за социјални работи во Гевгелија, до истекот на последниот рок беа поднесени вкупно 629 барања за отпис на долговите од ранливите категории граѓани од општините Гевгелија,Богданци и Дојран, информира денеска Лазе Трајков, директор на Центарот во Гевгелија.

Согласно владината одлука за отпис на долгови по повеќе основи, најголем број од барањата се однесуваат за отпис на долгови за неплатени сметки за потрошена електрична енергија и покривање негативни салда на кредитни картички.

Одговор на поднесените барања корисниците на социјална помош треба да очекуваат до крајот на овој месец.

14.10.2014 - 15:20


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега