НСДП демантира дека се претопува во СДСМ но не и дека се враќа во Собрание
Со бројни навреди, етикетирања и речник соодветен за опозицијата, НСДП се обиде да ги демантира информациите кои ги објави Press24 за хаосот кој се случува во опозициските редови и обидот на Заев да го смири незадоволството со претопување на партијата на Петковски на Бихаќка. За да го задржиме нивото кое го почитуваат нашите читатели, делот од демантот кој содржи, навреди, клевети и етикетирања не го објавуваме и се задржуваме само на она што барем малку може да се наречен демант, согласно праксата за коректно и објективно информирање.
„Сакаме јасно и недвосмислено да им ставиме до знаење на душегрижниците, дека НСДП е самостоен политички субјект и дека продолжува да опстојува како таков. Исто така остануваме рамноправен партнер во опозиционата коалиција рамо до рамо со останатите партии во борбата против инсталираниот режим во Македонија од страна на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ“ - стои во т.н. демант на НСДП.
Интересно е што партијата на Петковски не деменатира дека фирма блиска на неговата пратеничка доби тендер вреден скоро половина милион евра за реконструкција на Боемската улица во општина Центар.
По соопштението на НСДП останува дилема, дали фактот што во ткстот нема демант на информацијата дека пратениците на Петковски се враќаат во Собрание е резултат на тоа што пратениците навистина седнуваат во пратеничките клупи, или „новите“ социјалдемократи во желбата што повеќе да ги оцрнат новинарите кои не работат под нивните директиви овој податок случајно го заборавија.
Она што е факт е дека во опозицијата има длабока криза, а Пресс24 за тоа ја објави документацијата за хаосот кој владее во општинските ограноци на најголемата партија во блокот, СДСМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа