ВИДЕО: Познатата актерка ја откри вистината за трудничкиот стомак

Џенифер Гарнер неодамна од медиумите дозна дека е бремена, бидејќи наводно има стомак.

Поради тоа реши во емисијата на Елен Деџенерис да ја открие вистината. Таа потврди дека има стомак, поради што заработи и огромен аплауз од публиката, но потоа појасни на што конкретно мислеше.

- Не сум трудна, но родив три деца, па затоа имам стомак. Така да си знаете, отсега ќе имам стомак кој слободно може да го викате труднички стомак. Но ќе мора да се навикнеме на него, бидејќи никаде нема да оди, барем во скоро време, се пошегува Џенифер.

Гарнер ги сруши предрасудите и се одлучи да биде искрена во моментот кога медиумите редовно им порачуваат на познатите личности што побрзо да ја вратат старата тежина по раѓањето на првото дете.

Поради тоа Џенифер е омилена меѓу луѓето, бидејќи секогаш е приземјена и води нормален живот, што е реткост меѓу познатите. 

14.10.2014 - 13:52


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега