Пешевски: Законските измени се во насока на што подобра бизнис клима

Владата не ги менува законите зашто и е интересно, туку за да создаде што подобри услови за водење бизнис, како и за да ја усогласи македонската со европската регулатива, рече денеска вицепремиерот Владимир Пешевски, одговорајќи на новинарски прашања по отворањето на првиот Саем за вработување.

Според него, законските измени се носат секогаш кога постои можност или кога има барање од бизнис секторот, но и доколку се процени дека тоа може да го подобри системот. 

- Владата не спроведува никакви промени зашто и е интересно, туку зашто смета дека со тоа се подобрува нешто во животот на граѓаните. Се додека е така, ќе правиме измени, потенцира Пешевски во врска со забелешките од извештајот на Европската комисија за пребрзото менување на законите.

Една од карактеристиките по кои е позната оваа Влада, додаде, е токму подобрувањето на бизнис климата и условите за водење бизнис. 

На прашањето, што со поплаките на компаниите кои, како што велат, често не можат да ги следат законските измени поради нивното пребрзо донесување, Пешевски истакна дека во изминатите шест години комапниите го имаат зголемено нивото на инвестиции во Македонија за повеќе од 100 проценти. Оттука, смета тој, треба да се гледа како се однесуваат, а не што изјавуваат.

14.10.2014 - 13:44


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега