Заврши снимањето на „Три дена во септември“

Продукцијата Скопје филм студио соопшти дека денеска заврши снимањето на „Три дена во септември“, дебитантски игран филм на режисерот Даријан Пејовски, најавен како психолошки трилер, студија на два женски карактера кои преку меѓусебниот однос ги разоткриваат своите тајни и трауми.

Филмот е копродукција помеѓу Скопје филм студио од Македонија и Иконе студио од Косово. Проектот беше поддржан од Агенцијата за филм на РМ и Косовскиот филмски центар, а снимањето го помогнаа повеќе институции од земјава.

- Екипата која посветено и неуморно работеше изминативе дваесет дена за да ги исполни очекувањата поставени од режисерот и продукцијата, беше составена од искусни професионалци, како и млади, енергични филмаџии од двете земји копродуценти, соопшти Скопје филм студио.

Сценариото за филмот го напишаа Даријан Пејовски и Игор Иванов, директор на фотографија е Димо Попов, сценограф Снежана Поњавиќ-Муча, костимограф Емилија Ивановска-Атанасовска.

Главните улоги ги играат Ирена Ристиќ и Камка Тоциновски, а во актерската екипа се и Адем Карага, Салаетин Билал, Милица Стојанова, Кирил Коруновски, Александар Микиќ, Горан Трифуновски, Фатос Кријезиу, Ментор Зимберај, Блерим Черичи.

14.10.2014 - 13:34


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега