Денови на МАНУ во Бугарската академија на науките

Делегација на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), од денеска до 16 октомври престојува во работна посета на Бугарската академија на науките (БАН), по повод одржувањето на Деновите на Македонската академија на науките и уметностите во Бугарската академија на науките.

За време на посетата, делегацијата на МАНУ ќе одржи средба со колегите од БАН, ќе биде одржано предавање за Македонската академија на науките и уметностите и ќе биде отворена изложба (постер презентација) за работата на одделенијата и центрите на МАНУ.

Делегацијата на МАНУ ќе учествува и на свеченостите по повод одбележувањето на 145-годишнината од основањето на БАН.

14.10.2014 - 13:32


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа