Се враќа дождот - еве каков ќе биде времето до крајот на неделата
Неделава ја започнавме со сончево време и локална утринска магла и ниска облачност низ котлините. Но, како ќе одминуваат деновите работите на метео план постепено ќе се менуваат. Пораст на дневната максимална температура ќе трае до четврток, а веќе во петок ќе имаме спротивен тренд, односно постепен пад на температурата и услови за дожд, пишува специјализираниот портал за временска прогноза, МетеоПро.
Денеска опладне се очекува претежно сончево време, додека во текот на вечерта ќе има зголемување на облачноста во северозападниот регион.
Максималната температура ќе достигне вредност околу 23°С во северната половина на земјата, а во југозападниот регион околу 24°С. Југоисточниот регион очекува максимална температура до 26°С.
Среда повторно ќе донесе релативно сончево време. Во северната половина од земјата попладне ќе има локално умерена облачност.
Во однос на вторник, денот ќе биде за нијанса потопол. Максималната температура ќе достигне вредност околу 24°С во северната половина на земјата, а во југозападниот регион до 26°С. Југоисточниот регион очекува максимална температура до 27°С.
Четврток ќе биде и најтоплиот ден неделава. Во текот на денот ќе има локална умерена облачност, но сепак со подолги сончеви периоди.
Максималната температура ќе достигне вредност околу 25°С во северната половина на земјата, а во југозападниот регион до 27°С. Појтопло, до максимални 28°С ќе биде на југоисток.
Во петок се очекува пад на температурниот максимум за околу 3°С во однос на четврток. Постепено и ветерот ќе го менува правецот со преовладувачка северозападна компонента. Во текот на денот ќе има умерена облачност која попладне и вечер ќе донесе локален дожд.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа