ФОТО: Ова се браќата макроа од Шутка

СВР Скопје-Единицата за насилен криминал викендов со две кривични пријави ги предаде 18-годишниот А.Р. и 21-годишниот А.Р. од Скопје, поради основано сомневање дека во временскиот период јуни/октомври 2014 година сториле кривично дело „детска проституција“.

Кривичното дело „детска проституција“, пријавените браќа го извршиле во временскиот период јуни/октомври 2014 година, кога врбувале три девојчиња од Скопје на возраст од 14 до 16 години и против нивна волја ги држеле заклучени во куќа на нивниот вујко во Шуто Оризари, каде им носеле клиенти за сексуални услуги, за што пријавените наплаќале од 300 до 2.000 денари. Во зависност од желбите на клиентите, девојчињата во придружба на пријавените биле носени и во мотели каде давале сексуални услуги на повеќе клиенти во една ноќ, по што ги враќале во куќата во Шуто Оризари каде ги држеле затворени. За да  се знае дека девојчињата работат за нив, пријавените присилно им ги истетовирале нивните имиња на рацете, а кога ќе одбиеле да даваат сексуални услуги, биле грубо физички и психички малтретирани. Соопштуваат од полицијата.

На 10.10.2014 година, две од девојчињата успеале да искористат прилика и да избегаат од куќата, по што случајот го пријавиле во полициска станица, а по консултација со ОЈО, од страна на полициски службеници од СВР Скопје е влезено во куќата каде биле чувани девојчината, при што е затекнато третото девојче.

Алфите ги фатиле скопјаните кои си заработија 30 дена притвор.

14.10.2014 - 12:42


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега