Каталонија го одложи референдумот за независност

На 9. ноември нема да биде одржан референдум за независност, изјави претседателот nа североисточната шпанска автономна област Артур Мас.

Тој истакна дека на 9. ноември каталонските власти ќе организираат неофицијалнa анкета за да го проверат расположемнието на граѓаните.

- Подоцна ќе организираме официјален референдум, посочи Мас.

Шпанскиот премиер Мариано Рахој ја поздрави одлуката на каталонските власти да го откажат референдумот за независност.

- Тоа е одлична вест. Почитувањето на законот е обврска за сите, посочи Рахој, додавајќи оти почнува преговори со каталонските власти.

Каталонските лидери синоќа го откажаа референдумнот за независност откако Уставниот суд привремено го забрани неговото одржување.

14.10.2014 - 12:36


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега