Трибина на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ: „Зачувајте го вашето психичко здравје- справете се со стресот“

По повод месецот на зачувувањето на психичкото здравје, во организација на Здравствената комисија на Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ, вчера се одржа Tрибина на тема „Зачувајте го вашето психичко здравје- справете се со стресот“.

Целта на оваа оваа едукативна трибина е запознавање со дефиницијата на стресот како реакција на организмот на надворешните влијанија- непходна за преживување, препознавање на состојбите на стрес- акутни или хронични, препознавање на ризик факторите и ризичните групи, препознавање назнаците на предупредување,начините за справување со истите, употребата на т.н. „peace“ техника.

Предавач на тематабеше невропсихијатарот со долгогодишно работно искуство и успешна клиничка пракса од областа на психијатријата др. Александар Мрцекик .

14.10.2014 - 12:04
Фото: 
курир


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега