Извештајот за напредокот пред собраниските комисии

Членовите на Националниот совет за евроинтеграции и на комисиите за надворешна политика и европски прашања денеска во Собранието на Република Македонија ќе расправаат за Извештајот на ЕК за напредокот на земјата.

Извештајот за напредокот беше објавен на 8-ми овој месец со кој земјата доби  шеста позитивна препорака за почеток на преговорите за членство во ЕУ. 

Во Собранието седница денеска ќе одржи и Комисијата за труд и социјална политика на чиј дневен ред се измени и дополнувањата на Законот за безбедност и здравје при работа, во второ читање.  

14.10.2014 - 10:36


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа