Несреќа во Пробиштип: Рудар си го згмечи градниот кош со багер

Во страотна несреќа при работа вчера рудар од Пробиштип се здоби со страшни повреди на градниот кош. Се работи за 44-годишниот рудар Игор С. кој како што пренесува Канал5, во јамите на рудникот за олово и цинк Индо Минерали и Метали кај пробиштипското село Добрево, додека управувал со таканаречен рударски багер, при момент на невнимание бил пригмечен од багерот и таканаречената акул-локомотива.

За среќа, колеги веднаш притрчале и итно го транспортирале повредениот рудар во пробиштипскиот Здравствен дом,а поради сериозноста на повредите, истиот е хоспитализиран во штипската Клиничка болница.

14.10.2014 - 09:45


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега